Вторник, 12 Декември 2017

Архиепископот Стефан ги прими во својата резиденција ракометарите на европскиот шампион Вардар

 

VARDAR
Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г.  Стефан, во резиденцијата во Криви Дол во Скопје, ги прими ракометарите на Вардар – европските шампиони, заедно со сопственикот и раководството на клубот и, честитајќи им, ги благослови и им посака да продолжат со победничкиот поход.

„Ви благодарам што со вашата игра го радувате нашиот народ и со вашите победи се слуша надалеку и за Вардар и за Македонија. – Напред шампиони!...“, рече меѓу другото Архиепископот Стефан.

Share