Четврток, 19 Октомври 2017

Акатист кон свети Јоаникиј Ракотински во соборната црква, секој вторник по Вечерната богослужба

nas-6-260x220

Почитувани браќа и сестри,

со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија

 

Share