Четврток, 21 Септември 2017

Соопштение до јавноста

Скопската православна црква при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, најостро го осудува вандалскиот и антихристијански чин на сквернавење на православните гробови во с. Љуботен, Скопско. Ги повикуваме надлежните институции, во прв ред Министерството за внатрешни работи, најитно да го расветлат случајот и да ги пронајдат сторителите на овој грозоморен чин и да ги изнесат пред лицето на правдата.

Апелираме до сите граѓани, особено до православните верници, да нѐ избрзуваат со заклучоците и осудите и да не ја земаат правдата во своите раце, туку да се остават институциите да ги пронајдат вандалите. Ваквото дело го сметаме како кукавички чин, па затоа да останеме трезвени и да не подлегнуваме на провокации, туку да ги зачуваме присебноста, мирот и маѓуетничката и меѓуверска кохезија. Очекуваме од Исламската верска заедница и другите верски заедници, од државните институции и дипломатските претставници во земјава – да го осудат овој чин на уништување на православните гробови и да се заложат за што побрзо расветлување на истиот.

Се прашуваме – дали односот кон покојните православни христијани, е порака и кон живите?! Дотолку повеќе што овој чин на директен атак врз православното наследство и вредностите предизвика кај некого повод за „рафално“ славење, а доаѓа и по едно веќе сторено антиверско дело со осквернувањето на православното крстно спомен-одбележје во н. Бутел. А, впрочем, и да не ги спомнуваме и многуте други слични настани од поблиското и подалечното минато. Кој има уши – ќе слушне!


Од Канцеларијата на
Скопската православна епархија

Share