Петок, 24 Ноември 2017

Божествена Литургија во спомен на сефалните апостоли Петар и Павле

На 12.07.2017 година, во спомен на св. апостоли Петар и Павле, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Архиерејска Литургија во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни. На литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен богословот Дарко Несторовски.
SPE_9320SPE_9325SPE_9332SPE_9333SPE_9341SPE_9367SPE_9396SPE_9402SPE_9372SPE_9408SPE_9510SPE_9467SPE_9479SPE_9508
Во своето поучително слово Архиепископот г.г. Стефан за светите апостоли Петар и Павле рече: 
Во Светото Евангелие е речено: мнозина први ќе бидат последни, а последните – први (Мт. 19, 30). Ова се однесува за сите и за секого, но најмногу се однесува за галилејските рибари. Тие секогаш биле последни: и по образование, и по имоти, а биле последни и по угледот и положбата. Но овие последни луѓе меѓу својот народ и во своето време, постанале први меѓу сите народи и за сите времиња. Овие галилејски рибари, оставајќи ги рибарските мрежи, постанале ловци на човечки души. Од непознати рибари, постанаа апостоли за сите народи и за сите генерации. Од нивната вера и од нивните примери, се поучуваме и ние денес. Од нивната љубов кон Бога и кон луѓето, се поткрепуваме и ние денес. Тие постанале Христови ученици кои и денес поучуваат и постојано ги будат заспаните човечки срца и упатуваат кон Бога и Неговата вистина. Тие необразовани рибари, постанале учители за сите времиња и за сите возрасти, покажувајќи дека навистина последните можат да бидат – први.
SPE_9560
Share